Охрид ќе бара нов тренер: Џиџи си замина по лошиот почеток на сезоната

Екипата на ГФК Охрид остана без тренер откако клубот преку социјалните мрежи потврди дека оставка си поднел досегашниот шеф на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи.

Раководството ја прифатило одлуката на Илиевски и во наредниот период ќе побара негов наследник.

Заминувањето на Илиевски е поради лошите резултати од почетокот на сезоната. Охрид по четири одиграни кола е последен во второлигашката конкуренција со само еден освоен бод и гол разлика 3-8.