Фудбалерките до 19 години во Кичево ќе се подготвуваат за квалификациите за ЕП

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години во период од 23 до 27 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево.

Кампот ќе се одржи како подготовка за квалификациите за ЕП во кои ќе играме во Лигата А заедно со Франција, Португалија и Словачка. Квалификацискиот турнир ќе се одржи од 27 ноември до 3 декември.

Селекторот Астрит Мерко за овој собир повика 22 фудбалерки.

Ведрана Комненова - Скопје

Белма Газимоска - Ас Јунајтед

Мила Панева - Скопје

Јована Павловска - Ас Јунајтед

Катерина Петкова - Ас Јунајтед

Ива Јосифова - Тиверија

Слаѓана Ѓорѓиева - Тиверија

Стефанија Веселинова - Каменица Саса

Ива Јованоска - Љуботен

Васка Василева - Каменица Саса

Никица Трендова - Скопје

Кристина Крстева - Скопје

Сара Дика - Ас Јунајтед

Емилиа Блажеска - Шведска

Кристина Вељаноска - Атлетико

Јехона Велиу - Швајцарија

Мила Стојановска - Истатов

Анастасија Илиевска - Топ Гол

Михаела Додевска - Скопје

Елена Симјонова - Љуботен

Емилија Петкоска - Атлетико

Зиза Аломеровиќ - Рејкјавик - ФК Валус