Атлетико Мадрид киксна на гости кај доскорешниот тим на нашиот Димитриевски (ВИДЕО)
Домашниот тим поведе со на Палазон во 35. минута, а гостите дури во второто полувреме заиграа подобро, па израмнија преку Галагер во 49. минута. До крајот и двата тима немаа некои посебни шанси, па нерешениот исход е најреален резултат на овој натпревар.
„Јорганџиите“ остануваат без пораз по шест меча во новата сезона од Ла Лига и тоа со по три победи и нерешени средби, додека доскорешниот тим на нашиот Столе Димитриевски сега има по две победи, нерешени средби и порази.