Кикс на фаворизираниот Лајпциг, нашиот Елмас повторно само гледач од клупата!

Тимот на Лајпциг останува како еден од сами трите досега непоразени тимови по првите четири кола во Бундеслигата, но тоа нема да донесе задоволство кај челниците на овој состав со оглед на вечерашното реми на гости кај Сент Паули (0-0), за кого ова е прв бод по враќањето во германската елита.

Домаќинот дури беше поблиску до трите бода со оглед што имаше три одлични шанси во првото полувреме, но не успеаја да ги реализираат. Гостите во продолжението покажаа поголема желба за триумф, но и тие немаа премногу расположени напаѓачи. Нашиот Елиф Елмас повторно не доби шанса, односно за време на целиот натпревар беше гледач од клупата.

Лајпциг сега е шести на табелата со осум бода, додека С. Паули е на делба на последните три места заедно со Холштајн Кил и Бохим со по еден бод.