Брутална навивачка пресметка во Виена – летаа тупаници и запалени факели (ВИДЕО)
Неколку минути по последниот судиски свиреж настана хаос, навивачите на двата тима влетаа на теренот, а потоа почна размената на факели и други предмети, а имаше и физички пресметки. Најмалку едно лице е повредено, а обезбедувањето целосно ја загуби контролата врз ситуацијата. Полицијата доцна реагираше, а подоцна се распореди на средината на теренот за да спречи понатамошна ескалација на конфликтот.
На социјалните мрежи се појави драматично видео на кое се гледа жестока размена меѓу навивачите, а во еден момент изби и тепачка. Навивач по неколку удари падна на тревникот, а неговите „другари“ го влечеа назад на трибината.