Шеста победа по ред: Барселона како гостин го прегази непоразениот Виљареал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона продолжуваат да газат сѐ пред себе во шпанската Ла Лига, откако вечерва како гости го прегазија досега непоразениот тим на Виљареал (5-1).

Тоа беше уште една моќна партија на тимот предводен од Ханси Флик, кој во ниту еден момент не му даде шанса на противникот, а во исто време беше и милен на судијата во ВАР собата. Роберт Левандовски со погодоците во 20. и во 35. минута го најави триумфот на Каталонците, а полскиот репрезентативец имаше шанса за хет-трик, но во вториот дел промаши пенал. Домаќинот преку Перез во 38. минута го намали резултатот, но Торес шест минути подоцна повторно ја врати убедливата предност, која потоа беше зацементирата со двата гола на Рафиња во 75. и во 83. минута. На „жолтата подмирница“ ѝ беа поништени три гола на оваа средба, сите поради офсајд по реакција од ВАР собата.

Барса со овој триумф останува максимална на врвот на табелата со 18 бода од шест меча, четири повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид.