Новата сезона во АБА лигата почна со изненадување: Звезда потона во Дубаи
Тимот од Обединетите Арапски Емирати оваа сезона ќе учествува во АБА лугата и во српското првенство, а во првото коло од регионалното натпреварување го совлада бранителот на титулата Црвена Звезда со 86-84. Победата на Дубаи е апсолутно заслужена ако се знае дека водеше речиси цел натпревар, со мали периоди на доминација на противничкиот тим.
На крајот од првата четвртина беше 28-16 за Дубаи, Звезда се врати и поведе со 34-33, но на голем одмор сепак домаќините отидоа со добра предност (50-41). Звезда го издржа у тој удар и во третиот период израмни на 63-63, но на стартиот од последната четвртина исклучен беше Милош Теодосиќ што само ја отежна работата на актуелниот шампион во АБА лигата. Во драматичниот финиш подобро се снајде Дубаи и дојде до историската победа.
Мејсон со 18 поени беше најдобар стрелец кај Дубаи, Абас додаде 17, а Препелиќ 16. Калиниќ ја предводеше Црвена Звезда со 16 поени, но овој пораз доживеан уште во првото коло може да има големо влијание врз пласманот по основниот дел од сезоната.