Тиквеш оштетен, голот немаше О од офсајд! (ФОТО)

Бурен финиш имаше натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци кој заврши со победа на црвено-црните од 0:1. 

Помошникот судија Гоце Петрески беше удрен со тврд предмет по што Ставрев одлучи дека нема услови да продолжи натпреварот и отсвири крај некоја минута порано.

Негодувањата на домаќините беа поради поништен гол во финишот, меѓутоа нивните реакции биле и со право затоа што како што може да се види офсајд во таа позиција немало.