Ландо Норис на доминантен начин до победа во Сингапур

Британецот Ландо Норис ја искористи пол-позицијата и на доминантен начин стигна до победата на денешната трка во Сингапур со што ја намали предноста на Макс Ферстапен во генералниот пласман.

Норис иако имаше по некоја ситна грешка во текот на трката, сепак на крајот дојде до победата со предност од 21.305 секунди во однос на Ферстапен кој заврши на втората позиција. Последното место на подиумот му припадна на вториот озач на Мекларен, Оскар Пиастри.

За Ферстапен ова е враќање на подиумот откако не стигнуваше до него на последните две трки, додека на последните седум трки двапати беше помеѓу најрбзите тројца.

Возачите на Мерцедес Расел и Хамилтон завршија на четвртата и шестата позиција, додека помеѓу нив се најде Леклер од Ферари. Тимскиот колега на Леклер Карлос Саинц трката ја заврши како седми, а зад него следуваа Алонсо, Хулкенберг и Серхио Перез.

Со освоените 26 бода Норис ја намали предноста во генералниот пласман во однос на Ферстапен на 51 бод.