Баерн продолжи да полни мрежи: По „деветката“ за Динамо, Вердер доби „петарда“ (ВИДЕО)
Домаќините во денешниот натпревар немаа никакви шанси, Баерн доминираше од почетокот до крајот.
Резултатот беше отворен во 23-тата минута кога Олис ја погоди мрежата по асистенцијата од Хари Кејн. Десет минути подоцна стрелецот Олис сега беше во улога на асистент, а за 0-2 се погрижи Мусиала.
На пауза Баерн замина со водство од 0-2, а во вториот дел баварците постигнаа уште три гола. Во листата на стрелци се запишаа Кејн и Гнабри, додека Олис по двете асистенции го постигна и вториот гол.
🚨🚨| GOAL: KANE MAKES IT THREE!!!
— CentreGoals. (@centregoals) September 21, 2024
Werder Bremen 0-3 Bayern
pic.twitter.com/zEp4ucdOAq
🚨🚨| GOAL: OLISE WITH A BRACE!!!
— CentreGoals. (@centregoals) September 21, 2024
Werder Bremen 0-4 Bayern
pic.twitter.com/HZd5yMvqv7
🚨🚨| GOAL: GNABRY MAKES IT FIVE!!
— CentreGoals. (@centregoals) September 21, 2024
Werder Bremen 0-5 Bayern
pic.twitter.com/lhoeJhmQNL
Во останатите три натпревари Бохум и Холштајн ремизираа 2-2, Фрајбург запиша сигурна победа на гости кај Хајденхајм од 0-3, додека Унион Берлин на домашен терен го совлада Хофенхајм со 2-1.