Диего Коста се надмина себеси - се степа на натпревар на У20 екипи (ВИДЕО)

Контроверзниот бразилски фудбалер со шпански пасош Диего Коста низ целата своја кариера беше познат по бурниот темперамент, а иако наскоро ќе наполни 36 години, не планира да се смири.

Тој привремено е прекомандуван во У20 тимот на Гремио за да се врати во форма по долгата пауза поради повреда. Гремио играше против Хувентуде, а Диего Коста и тука предизвика инцидент откако на него грубо стартуваше еден противнички фудбалер.

Следуваше типична реакција за него, се стрча кон него и го грабна по што дојде до туркање меѓу играчите на двете екипи. На крајот, целата ситуација беше решена со црвен картон за Коста.