Здравковски го доби „македонското дерби“ против Бабунски и Трапановски во Шкотска

Мадервил се пласира во полуфиналето на шкотскиот лига-куп откако славеше против Данди јунајтед (2-1), а на мечот настапија македонските фудбалери Давор Здраковски, Давид Бабунски и Кристијан Трапановски.

Робинсон во 46. минута погоди за водство од 1-0 на Мадервил, по што Моулт стрелаше за 1-1 во 83. минута.

Екипата на Здраковски до победа стигна во 91. минута кога Милер од пенал ја затресе мрежата на Данди јунајтед за 2-1.

Македонските фудбалери го почнаа мечот од првата минута, а Здраковски остана на теренот до последниот судиски свиреж.