Ферстапен казнет зашто пцуел на прес-конференција!

Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен опцу за време на прес-конференција во четвртокот пред трката за Големата награда на Сингапур.

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА)овој пат го осуди потегот на Холанѓанецот и го казни со „друштвено корисна работа“ под нејзин надзор.

Одлуката за казна доаѓа откако претходно претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем кажа дека мора да се стави крај на пцовките и вулгарните зборови во Формула 1.