Чичкото на Новак Ѓоковиќ избран за претседател на тениската федерација на Србија

Горан Ѓоковиќ, чичкото на Новак Ѓоковиќ денеска е избран за нов претседател на Тенискиот сојуз на Србија.

На денешната седница на Управниот одбор чичкото на Новак собра најмногу гласови и ќе го наследи Мирко Петровиќ. Петровиќ заминува од функцијата по поминати девет години како прв човек на тенисот во Србија.

„Се надевам дека новиот Управен одбор со новиот претседател ќе продолжи да ги спроведува проектите кои досега ги развивавме. Ви блгодарам на сите на соработката која ја имавме. На новиот претседател му посакувам среќа“, изјави Петровиќ.

Дпсега Горан Ѓоковиќ ја извршуваше функцијата потпретседател на Тенискиот сојуз и потпретседател на Управниот одбор на сојузот на Србија.

„Ви благодарам на изборот. Моето искуство во тенисот е најмногу преку Новак. Целта ќе ми биде да го поправиме она што почнавме да го работиме. Основа на се финансиите. Сакаме да го решиме прашањето на Национален тениски центар, тоа е желбата на сите наши играчи“, истакна Горан Ѓоковиќ во обраќањето.