Хосни го има еден од најубавите голови во второто коло од ЛШ

Екипата на Пелистер забележа пораз и во второто коло од Лигата на шампионите откако Фуксе Берлин се радуваше во Битола, а од овој натпревар два гола се најдоа во топ 5 на колото.

Од редовите на Пелистер тука е Хосни кој на одличен начин го матираше Дејан Милосављев во првото полувреме од натпреварот, додека голот на Матијас Гидсел за Фуксе Берлин е избран како втор најубав.

Голот на колото го има Алекс Пасква, а тука се уште Петар Цикуша и Золтан Шита.