Македонија У15 го освои второто место на развојниот турнир во Молдавија

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години со вчерашниот пораз од 3-0 од домаќинот Молдавија го заврши учеството на меѓународниот развоен турнир на УЕФА.

Нашите млади фудбалери со скор од две победи и еден пораз го освоија второто место на турнирот.

Во првото коло од турнирот ја победивме Ерменија со 2-1, а во второто со убедливи 3-0 ја совладавме Андора, со тој резултат го загубивме последниот меч од Молдавија.