Мбапе го „примора“ Реал Мадрид да им ги зголеми платите на Белингем и Винисиус!

Џуд Белингем и Винисиус Јуниор добија зголемување на платата од пет милиони евра, со што сега се изедначуваат со новодојдената ѕвезда во тимот, Килијан Мбапе, а Реал Мадрид се реши на ваков потег за да спречи евентуално незадоволство во соблекувалната.

Францускиот напаѓач во таборот на „кралевите“ пристигна како слободен играч, па клубот бидејќи не мораше да издвои богатство за негова отштета, му даде голема плата. Со 15 милиони евра беше меѓу најплатените, а сега исто толку ќе добиваат Белингем и Винисиус, па сега нема да има причина за љубомора во тимот.

Мбапе досега сезона постигна пет гола на седум натпревари, додека Винисиус реализира три гола со четири асистенции. Белингем, пак кој импресионираше минатата сезона, полека се враќа од повреда и досега сезона одигра три натпревари со една асистенција.