Голманот на Ливерпул го промени имиџот – остана без заштитниот знак (ФОТО)

Голманот на Ливерпул и на репрезентацијата на Бразил, Алисон Бекер, неочекувано реши да го промени имиџот и да остане без брадата која му беше своевиден заштитен знак низ годините.

Најголем дел од фановите со насмевка го поздравија овој потег, а други беа шокирани од потегот на Алисон. Изненадени беа и неговите соиграчи, кои едноставно не можеле да го препознаат кога првпат се појавил со новиот изглед.

Бразилецот со години е незаменлив во голот на Ливерпул и е еден од најдобрите чувари на мрежата во светот. Ливерпул викендов ќе игра против Бурнемаут на домашен терен, а настапот на Алисон таму е неизвесен поради повреда. Тој за премиерлигашот има одиграно вкупно 268 натпревари, додека претходно настапуваше за Рома и Интер Порто Алегре.