Фудбалер на Ливерпул купува осумкратен француски шампион?

Фудбалерот на Ливерпул и еден од најдобрите бекови во светот, Трент Александер Арнолд покажал интерес за купување на осумкратниот француски шампион, Нант.

Реномираниот „Л’Екип“ објави дека Арнолд веќе влегол во преговори со сопственикот Валдемар Кит кој е на чело на клубот од 2007 година, но во последниот период не е омилен помеѓу навивачите.

Наводно и тој самиот е подготовен да го продаде клубот, а за тоа придонеле околностите околу ТВ правата за Лига 1 и неуспехот да изгради нов стадион.

Според информациите, тој имал разговор со Арнолд и неговото семејство во Женева. На тој разговор од Арнолд доставил понуда од 100 милиони евра, 80 би биле исплатени веднаш, 20 како кредит, но исто така би се вклучиле дополнителни бонуси во вредност од 40 милиони евра.

Засега некоја од страните не ги потврдила информациите, па останува да видиме што ќе се случува во наредниот период. Инаку, Арнолд веќе е има малцински пакет акции во Формула 1 тимот Алпини.