Платини изненади: Можеби треба да се намали бројот на играчи во фудбалот

Eдна од честите теми во фудбалската јавност во последно време се и самите правила на играта, а најизненадувачкиот предлог за промена сега го даде поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.

Платини кој во кариерата трипати ја освојуваше „Златната топка“, а подоцна по завршувањето застана и на чело на европскиот фудбал смета дека фудбалот би требало да се игра со десет, место со 11 играчи.

„Можеби треба да го намали бројот на играчи и на теренот да бидат десетмина. Во 1900 година се донесе одлука фудбалот да се игра со 11 играчи, но тогаш се трчаше помалку отколку дена. Тие беа помалку силни и побавни. Затоа денес кога имаме неспоредливо поголем напредок на тоа поле можеби е добра идеја да се намали бројот на играчи за да се ослободи простор на теренот“, изјави Платини.

Ќе потсетиме на Платини во 2015 година како претседател на УЕФА му беше забрането работи во фудбалот поради корупциски скандал, а таа забрана траеше до 2023 година.