Фудбалерот на Њукасл на тренингот се појави со уникатно возило од 200.000 фунти (ВИДЕО)

Фудбалерот на Њукасл, Ентони Гордон се најде во центарот на вниманието на островските медиуми откако на тренингот на својот тим пристигна со автомобил каков што досега не е забележан на Островот.

Гордон во текот на летото често се поврзуваше со разни клубови, се споменуваше и Ливерпул, но на крајот не ја промени на средината.

Сега го привлече вниманието на друг начин и на тренингот се појави со возило Хамер ЕВ вредно околу 200.000 фунти. Ова возило веројатно им е познато на вљубениците на видео играта „ГТА“.