Ибрахимовиќ на клупата на Милан може да доведе легенда на Јувентус?

Градското дерби против Интер кое се игра в недела би можел да биде последен натпревар на Пауоло Фонсека на клупата на Милан.

Милан нема добри резултати од почетокот на сезоната и навивачите со право се незадоволни. „Росонерите“ во четири кола ја победија само Венеција, додека во Лигата на шампионите стартуваа со пораз против Ливерпул.

Информациите од Италија се дека Фонсека мора да го победи Интер за да си ја спаси работата, дури и реми се најавува дека нема да биде доволно. Од друга страна во јавноста веќе се пишува за можните наследници.

Претходно најчесто споменувани беа Един Терзиќ, Томас Тухел и Масимилијано Алегри, но сега се појави нов кандидат. Наводно, желба на Ибрахимовиќ е Игор Тудор со кого беше соиграч во Јувентус.

„Ибрахимовиќ покажа голем интерес за Игор Тудор. Тој има голема почит кон Тудор поради неговиот цврст карактер и способноста да ја промени состојбата во тимот. Тудор може да биде и финансиски ефективна опција, а би се согласил и на краткорочен договор“, пишуваат италијанските медиуми.

Како играч Тудор покрај Јувентус настапуваше и во Сиена, доека во тренерската кариера ги водеше: Удинезе, Верона, Олимпик Марсеј, Лацио, Хајдук, Галатасарај, ПАОК.