Навивачите на Рома најавија бојкот на натпреварот против Удинезе!

Ултрас фановите на римската волчица ќе го бојкотираат мечот против Удинезе и ги повикаа и останатите навивачи да им се приклучат.

Протестот е против сопствениците на клубот, а доаѓа по отказот на Де Роси и назначувањето на Јуриќ за нов тренер.

Трибината на која се најжестоките навивачи на Рома ќе биде празна во првите 30 минути од натпреварот, по што ќе влезат на стадионот.

„Време е да се слушне нашиот глас. Ги повикуваме сите навивачи од секој дел на трибините да се приклучат на нашиот протест. Ќе останеме надвор од стадионот во првите 30 минути од натпреварот“, стои во соопштението на ултрас навивачите на Рома.

Натпреварот меѓу Рома и Удинезе се игра во недела со почеток од 18 часот.