Карвахал за густиот распоред на натпревари: Мора да го кренеме гласот!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал не е среќен поради тоа што секоја сезона мора да играат сè повеќе натпревари и смета дека неговите колеги конечно мора да го кренат гласот.

Веќе некое време се најавува штрајк на фудбалерите кои не сакаат да играат премногу натпревари во текот на една сезона затоа што се ризикува нивното здравје.

„Ние страдаме најмногу, фудбалерите никој не ги прашува. Мора да го кренеме нашиот глас“, кажа Карвахал.