Американка бара промени: Укинете ги 15, 30 и 40 во тенисот!
Американката ја заврши кариерата уште во 1990 година, но и покрај тоа сака да помогне тенисот да стане повеќе популарен во иднина.
„Не можам да го поднесам системот на бодување. Мислам дека тешко се навикнуваат луѓето на него. Треба да ги укинеме 15,30 и 40 и да имаме 1,2,3 и 4. Секој тенисер треба да има дрес на кој ќе го пише името и бројот. Мора да ги промовираме нашите тенисери. Погледнете ги другите спортови како кошарка, фудбал, сите имаат име и број“, вели поранешната тенисерка.