Гвардиола во проблеми пред дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал

Фудбалерите на Манчестер сити одиграа нерешено против Интер (0-0) во првото коло на Лигата на шампиони (ЛШ), но на полувреме Кевин Де Брајне мораше да биде повлечен од теренот поради повреда.

Де Брајне се здобил со повреда, а тренерот Пеп Гвардиола откри дека истата не изгледа добро и мора да почекаат медицински прегледи кои ќе покажат колку ќе паузира Белгиецот.

Повредата на еден од најдобрите фудбалери на „граѓаните“ се случи пред дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал кое се игра в недела.