Флик: Барселона може да ја освои Лигата на шампионите!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик смета дека оваа сезона може да триумфираат во Лигата на шампионите.

Барселона денеска го почнува настапот во Лигата на шампионите, му гостува на Монако во првото коло.

„Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони. Големите клубови како Барса сакаат да освојуваат титули и Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во светот. Подготвени сме да играме против најдобрите“, вели Флик на денешната прес конференција.

„Не ме интересира минатото, треба да се фокусираме на сегашноста. Имаме серија на победи во Ла Лига и треба да останеме фокусирани што е неопходно кога стартувате во ЛШ. Што и да се случувало во минатите издание на ова натпреварување, останува во минатото“.