Тотнем со пресврт го реши Ковентри, Брајтон го елиминира Вулвс

Лондонскиот гигант Тотнем се измачи против Ковентри, но славеше со 2-1 за пласман во осминафинале во Лига купот, каде што друштво ќе им прави и Брајтон кој со 3-2 го совлада Вулвс.

Томас-Асанте во 63. минута ги шокира гостите и погоди за 1-0, а избраниците на Постекоглу се разбудија дури во финишот кога преку Спенс и Џонсон режираа пресврт.

Брајтон славеше против Вулвс во драматичен меч. Домаќинот најпрво погоди преку Балеба и Адингра за 2-0, по што Гуедеш намали до крајот на првото полувреме.

Кадиоглу беше стрелец на третиот гол за Брајтон во 85. минута, по што Дојл погоди за конечни 2-3.