Втора победа за Бетис во Ла Лига, Ло Селсо го расплака Хетафе (ВИДЕО)

Бетис ја запиша втората победа во Ла Лига оваа сезона, откако славеше со 2-1 против Хетафе во петтото коло од шампионатот.

Првото полувреме помина без голови, но на стартот на вториот дел Џовани Ло Селсо погоди двапати за предност од 2-0.

Хетафе во финишот од средбата погоди преку Мауро Арамбари за конечни 1-2.

Бетис е на шестата позиција со осум бодови, додека Хетафе е на 18. место со три бода.