Загреб го прегази Алборг, Динамо ја надигра Висла Плоцк

Ракометарите на Загреб вечерва го остварија првиот триумф во Лигата на шампиони (ЛШ), откако славеа со 31-23 против Алборг, додека Динамо Букурешт ја совлада Висла Плоцк со 28-26.

Загреб направи исчекор кон победата уште во првиот дел кој им припадна со 13-9, додека во второто полувреме го контролираше мечот и славеше со 31-23.

Кларица и Главаш постигнаа по седум голови за Загреб, додека Бјорнсен запиша пет погодоци за Алборг.

Динамо Букурешт во првото полувреме имаше предност од (11-7), но Висла во финишот намали на само еден гол негатива (11-12).

Војната продолжи и во второто полувреме, каде што Динамо создаде предност од пет гола (25-20), а Висла до крајот намали на 26-28.

Кашпарек постигна пет погодоци за победничкиот тим, додека Дашек стрелаше седум пати за Висла Плоцк.