Артета соопшти лоши вести: Одегард го чека долга пауза!

Арсенал се соочува со сериозен проблем пред продолжение на сезоната затоа што не може да смета на услугите на еден од најдобрите фудбалери Мартин Одегард.

Одегард се повреди, а медицинските прегледи покажаа дека станува збор за посериозна повреда и тоа го потврди тренерот Микел Артета.

„Прегледите покажаа дека има оштетувања на лигаментите во коленото, очигледно ќе бидеме без него подолго време“, кажа Артета.