Федерер уште верува во Новак: Ѓоковиќ ќе биде меѓу фаворитите на Австралија Опен
Србинот падна на четвртата позиција на АТП листата, можно е да доживее уште поголем пад, но ги оствари своите цели за оваа година.
„Ѓоковиќ уште не го кажал последниот збор. Секако ќе биде еден од главните фаворити за титулата на Австралија Опен“, смета Федерер.
Ѓоковиќ е рекордер на Гренд слемот во Мелбурн со десет титули, четири повеќе од Роџер Федерер.