Работнички се посрамоти во Купот: Дебармаалци елиминирани од третолигаш!

Екипата на Шкендија Арачиново го приреди најголемото изненадување во Купот на Македонија совладувајќи го прволигашот Работнички со 2-0.

Изненадувачката победа на домаќините ја најави Љупчо Трпески со погодокот во првиот дел, а пред крајот видовме уште еден гол во мрежата на дебармаалци со кој само се потврди големото изненадување.

Во финишот тимот на Шкендија Арачиново пропушти и уште една голема прилика за поубедлива победа.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар немаше проблем и со 0-2 беше подобар на гостувањето кај Новаци, додека најубедливата победа во сите натпревари ја забележа тимот на Шкупи кој постигна осум гола против Џепчиште.

Куп на Македонија 1/16 финале

Слободен – Брегалница 0-6

Кожуф – Арсими 0-2

Скопје – Пелистер 0-1

Борец – Детонит 0-1

Охрид Лихнидос – Беса 1-5

Џепиште – Шкупи 0-7

Вардар Н – Брера 0-4

Јени Мале – Шкендија 0-5

Новаци - Вардар 0-2

Карбинци – Силекс 1-4

Слога – Струга ТЛ 1-6

Натпреварите Победа – Гостивар, Башкими – Воска Спорт и Беласица – Македонија Ѓ.П се закажани за 2 октомври, додека Тиквеш е слободен.