Милан со 19-годишник на голот во градското дерби со Интер?!

Милан вчера беше поразен од Ливерпул со 1-3 во рамките од првото коло во Лигата на шампионите, но поразот не е единствен проблем за „росонерите“ од овој дуел.

Имено, повреда во натпреварот заработи првиот голман Мајк Мањан. Францускиот чувар на мрежата беше заменет во 51. минута откако имаше еден судир со својот соиграч од одбраната Фикајо Томори.

Навивачите посебно се загрижени што повредата на Мањан доаѓа пред градското дерби против Интер во Серија А, кое е закажано за викендот.

Ако Мањан не биде спремен да брани против Интер, негова замена е 19-годишниот Лоренцо Ториани кој и вчера го чуваше голот по повредата на Французинот.

Дербито помеѓу Интер и Милан се игра в недела од 20:45 часот.