Перишиќ се договорил со новиот клуб, ќе игра во ЛШ

Иван Перишиќ кариерата ја продолжува во холандски ПСВ.

Хрватскитот ветеран се договорил со ПСВ и ги поминал лекарските прегледи и наскоро се очекува и трансферот да биде официјално потврден, објави италијанскиот експерт за трансфер, Фабрицио Романо.

Во редовите на ПСВ, Перишиќ пристигнува како слободен играч откако го раскина договорот со Хајдук поради несогласувањата со Џенаро Гатузо.

Преговараше Перишиќ и со други клубови, но на крајот еден од одлучувачките фактори во неговата одлука веројатно беше тоа што холандскиот тим игра во Лигата на шампионите.