Конте сака да го врати Елмас во Наполи!

Елиф Елмас во јануари би можел да се врати во Наполи каде би играл на позајмица, наводно тој е желба на тренерот Антонио Конте.

Македонскиот фудбалер не се снајде најдобро во Лајпциг, минатата полусезона имаше мала минутажа, а оваа воопшто и не влегува во игра.

Се погласни се шпекулациите дека наскоро би можел да замине на позајмица, а последните гласини се за враќање во Наполи.

Антонио Конте е фан на играта на Елмас и сака да го види македонскиот играч во својот тим.

Лајпциг за Елмас плати 25 милиони евра, па Наполи сигурно нема да даде некоја приближна сума за да го откупи, веројатно само ќе го позајми на определено време.