Германски предизвик за Пелистер, Фуксе Берлин гостува во Битола

Македонскиот ракометен шампион, тимот на Пелистер денеска игра меч од второто коло во Лигата на шампионите, во салата „Боро Чурлевски“ го пречекува германскиот вицешампион, тимот на Фуксе Берлин.

По добрата претстава во Париз, битолчани се надеваат дека конечно ќе ги израдуваат своите навивачи со победа во Лигата на шампионите.

Фуксе Берлин исто како и Пелистер со пораз ја стартуваше новата сезона во елитното европско натпреварување, тие во првото коло загубија од Веспрем, па и двата тима денеска ги бараат првите бодови.

Германците се огромен фаворит, адут на Пелистер е добрата игра против ПСЖ која ќе им вбризга дополнителна самодоверба на ракометарите на Ангеловски, како и атмосферата која ќе ја направат битолските навивачи.

Пелистер минатата сезона во Лигата на шампионите ја заврши со максимален број на порази, со загубен меч ја почна и новата, па сите се во исчекување на првиот бод на битолчани.

Мечот меѓу Пелистер и Фуксе Берлин се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.