И Милер постави рекорд - го симна Чави од врвот

Во низата рекорди кои ги постави Баерн и неговите фудбалери на синоќешниот меч против Динамо, влезе и легендарниот фудбалер на овој клуб Томас Милер.

За него, синоќешниот меч беше 152. во Лигата на шампионите и го симна од врвот Чави кој со 151 беше рекордер по бројот на одиграни натпревари за еден тим во елитното натпреварување. Со оглед на тоа што сезоната тукушто почна, 35-годишниот фудбалер ќе има можност дополнително да го подобро своето достигнување и да постави бројки кои тешко ќе се надминат во иднина.

Ветеранот дебитираше за Баерн во Лигата на шампионите во 2009 година и со овој клуб има две титули.