Усик уапсен во Полска, Зеленски ургирал да го пуштат (ВИДЕО)
Веста за неговото апсење ја шокираше планетата, особено навивачите на украинскиот боксер. На социјалните мрежи можеше да се види снимка од апсењето при што Усик е со лисици на рацете додека полицијата го води. Сепак, неколку часа подоцна боксерот објави дека станува збор за недоразбирање, а се јави и украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Му дадов инструкции на министерот за надворешни работи Андриј Сабиха и на министерот за внатрешни работи Игор Клименко веднаш да ги разгледаат деталите од инцидентот на аеродромот во Краков. Сега се е в ред и нашиот шампион е пуштен на словода. Бев разочаран од односот кон нашиот шампион и граѓанин на Украина“, изјави Зеленски.
Усик бил уапсен додека патувал кон Лондон каде в сабота ќе го гледа во живо дуелот меѓу Ентони Џошуа и Даниел Дубоа, во тешка категорија, во верзијата ИБФ.