Сеирџиите се немилосрдни - му го „сменија“ логото на Динамо (ФОТО)

Хрватскиот шампион Динамо Загреб нема да го памети по добро гостувањето кај Баерн Минхен во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) затоа што загуби со 2-9.

На социјалните мрежи се појави ново лого на Динамо Загреб кое дефинитивно нема да им се допадне на навивачите на гигантот.

На логото на Динамо е испишана „деветка“ која симболизира девет погодоци кои ги прими клубот на гостувањето на „Алијанц Арена“.