Динамо го налути Баерн, па доживеа потоп во Минхен (ВИДЕО)

Германскиот гигант Баерн Минхен славеше со 9-2 против Динамо Загреб во првото коло од новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).

Бундеслигашот ја најави победата уште во првото полувреме со головите на Кејн, Гереро и Олисе, но Динамо на стартот на вториот дел со два погодоци преку Петковиќ и Огивара се врати во живот.

Надежта на Динамо траеше кратко затоа што набрзо Баерн повторно почна да ја полни мрежата на гостинот од Загреб, па до крајот на мечот Кејн стрелаше уште три пати, а погодија и Олисе, Горецка и Сане за конечни 9-2.

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски доби шанса од првата минута, додека Аријан Адеми влезе во игра од клупата за резервни играчи во завршницата.