БББ првпат гостуваа по трагедијата во Атина - и тоа во огромна бројка! (ФОТО)

Баерн Минхен го наполни голот на Динамо Загреб по само 45 минути (3-0), но и покрај тоа навивачите „Бед блу бојс“ му даваат голема поддршка на хрватскиот шампион од трибините.

Верните навивачи на екипата од Загреб пристигнаа во голем број во Минхен каде што на „Алијанц Арена“ испратија интересна порака - „Непосакуван гостин“.

За фановите на Динамо ова беше прво гостување по трагедијата во Атина, каде што се случи хаос и беше убиен еден навивач.