Џинот Марјановиќ заминува од НБА и се сели во Турција

Српскиот центар Бобан Марјановиќ ја напушта НБА-лигата по девет сезони и се сели во турскиот гигант Фенербахче.

Марјановиќ потпишал едногодишен договор со Фенербахче, а притоа ќе заработи околу 400.000 евра.

Србинот во минатото играше за Црвена Звезда, Сан Антонио, Детроит, Лос Анџелес Клиперс, СКА Москва и други екипи.