Димитријевиќ блесна во поразот на Олимпија Милано од Фенербахче (ВИДЕО)

Олимпија Милано загуби во пријателски меч од Фенербахче со 76-81, а македонскиот репрезентаитвец Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во својот тим.

Димитријевиќ го заврши мечот како најдобар стрелец, откако постигна 14 поени, но додаде и пет скокови и три асистенции.

Македонецот постигна и една неверојатна тројка во првото полувреме, која ја сподели неговиот тим на социјалните мрежи.