Ѓорческа ќе игра финале во двојки на турнирот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе се бори за трофејот во двојки на турнирот во Љубљана, Словенија откако со својата партнерка Џил Тајхман ги победија првите носителки Естел Касино од Франција и Анастасија Детиук од Чешка.

Ѓорческа и Тајхман не само што победија, туку тоа го направија и на неверојатно убедлив начин, првиот сет заврши со 6-1, а вториот со 6-2.

Во утрешното финале Ѓорческа и Тајхман ќе играат против Италијанката Бранкачо и Шпанката Ромеро Гормаз.