Алкалоид направи пресврт и не дозволи Радовиш да приреди сензација

Екипата на Алкалоид која настапи во изминет состав против Радовиш денеска во рамките од второто коло на Суперлигата славеше победа со десет разлика (33-23).

Радовиш кој се врати во елитата оваа сезона имаше супер старт на натпреварот, па поведе дури и со шест разлика (6-12). Алкалоид во тој период се мачеше и тешко реализираше. До паузата избранциите на Кире Лазаров намалија на 11-14.

Во вториот дел Радовиш се држеше само во првите 15 минути, а се понатаму беше во знакот на сините од Автокоманда. Алкалоид прво дојде до израмнување на 20-20, а потоа и поведе со 26-20.

Јасно беше дека Радовиш нема сили да се врати, па Лазаров им даде шанса на сите ракометари и сите освен Петров се запишаа во листата стрелци.

Следен предизвик за Алкалоид ќе биде гостувањето кај Бутел, додека Радовиш го чека уште еден тежок дуел против Вардар.