„Надал не треба повеќе да се мачи – зрел е веднаш да замине во пензија!“
Освојувачката на две гренслем-титули проговори за ова по одлуката на шпанскиот тенисер да се повлече од Лејвер купот во Берлин.
„Неговото тело, неговиот ум покажуваат дека е време за пензија. Време е да ужива со своето дете. Видов колку е среќен кога е со својот син. Зошто тогаш е уште на теренот? Нека се качи на бродот и нека си оди дома во Мајорка. Мислам дека даде се што имаше“, изјави Мугуруза.
Таа годинава се повлече од тенисот и тоа на 31-годишна возраст.
„Моето тело испраќаше сигнали дека е готово. Дојде моментот и искрено уживам во животот после тенисот“, дополни Мугуруза.