Сити не се откажува од Гвардиола, го убедува со двајца фудбалери вредни 300 милиони евра
Од менаџментот на клубот не се помируваат со таквото негово размислување и покрај тоа што Шпанецот веќе деветта година е менаџер на англискиот првак. Освен тоа што му нуди продолжување на соработката за годишна плата од над 20 милиони евра, раководството на Сити планира да му донесе уште две мега ѕвезди за кои ќе потроши околу 300 милиони евра.
Станува збор за 21-годишните Џамал Мусиала од Баерн и Флорија Вирт од Баер Леверкузен кои се меѓу најдобрите играчи во Бундеслигата. Проблем е само тоа што за Вирц е заинтересиран и Реал и шпанскиот клуб, наводно, веќе има преддоговор со него. Што се однесува до Мусиала, тешко дека Баерн ќе се откаже од него, макар и за 150 милиони евра.