Од Чаир во Струмица: Руатубјаје од Руанда остана во ПМФЛ
Дефанзивецот кој го носеше дресот на Шкупи во два мандати и освои титула во 2021 година сега ќе игра во Струмица.
Руатубјаје се врати во неговата Руанда во Рајон Спортс во 2022 година, а во февруари оваа година повторно потпиша за Шкупи каде и што ја започна актуелната сезона.
Изненадувачки си замина еден ден по натпреварот против Силекс кога одигра и цел натпревар. Станува збор за фудбалер кој е и репрезентативец на Руанда за која на 33 натпревари постигна три гола.