Тренерот и фудбалери на Башкими едвај спасиле жива глава во стравична сообраќајка (ФОТО)
Тие со возилото излетале од патот, и според штетата на автомобилот делува дека имале луда среќа бидејќи се наоѓаат во добра здравствена состојба и минале без посериозни повреди.
„На пат кон редовниот тренинг, тренерот и двајца наши фудбалери на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа, која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски. На нашите членови им посакуваме брзо заздравување и му благодариме на семоќниот Бог што оваа несреќа не доведе до фатални последици“, стои во соопштението на клубот.
Башкими првенството во Втората лига го почна со две победи и еден пораз.